ДЕПОНИЈА: Студентите од студентскиот дом ,,Пелагонија“, ѓубрето го фрлаат од прозорец

Неверојатна фотографија се појави на социјалните мрежи. На ФБ страницата ,,Не биди ѓубре“ е објавена фотографија на твитерџија, која ја покажува ужасната состојба во студентскиот дом ,,Пелагонија“. Студентите своето ѓубре го фрлаат од прозорците!

Жители, но и студенти од домот ,,Пелагонија“ во Кисела Вода ја потврдуваат оваа страшна глетка, но зачудува како ова не му пречи на раководството на домот. За културата на студентите, кои се нарекуваат акдемски граѓани, може да се каже само-СРАМОТА!

Коментари

Популарно