ВИДЕО: Венецуаела се спрема за војна - Мадуро ја подигна цела војска на нозе

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го прогласи почетокот на најголемите воено-цивилни вежби, „Двесте години Ангостура 2019“ во историјата на таа земја, во кои учествуваат припадници на редовната војска и резервисти.

Пред почетокот на воените вежби, претседателот стигнал во државата Миранда, која се наоѓа во близина на Каракас, каде изврши инспекција на воените техники, вклучувајчи ги ракетните системи од руско производство.

Воените вежби ќе се одржат од 10 до 15 февруари. Како што соопшти Мадуро тие ќе бидат најголеми во историјата на Венецуела.

Иако венецуелакста војска не е една од најбројните во јужноамериканскиот континент, кога станува збор за воената техника и оружјето, може да се смести, како што оценуваат аналитичарите, во една од најмоќните.

Коментари

Популарно