Кучето на Мира Стојчевска за директор на зоолошката во Битола!

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во својата вчерашна прес конференција обзнани нов скандал со непотизам во ЕЛЕМ.

Имено тој на македонската јавност и откри дека впрочем синот на пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска попозната под прекарот, Мира Дизел е вработен во ЕЛЕМ и еден од многуте примери за непотизам во државното претпријатие. Денеска порталот Мафакс пак и откри на јавноста дека братот на пратеничката Мира Стојчевска од вчера е вработен во РЕК „Битола“. На ова Арсовски на својот Фејсбук коментираше и запраша дали пратеничката можеби има куче, кое би можело да биде директор на “Зоолошка градина” во Битола.

Коментари

Популарно