Јани Бојаџи: Се што почнува со кич, завршува со крв

Пишува Јани Бојаџи, режисер

“Ти си шовинист, националист и иредентист“ – се етикетите кои фабриката со шеесетина ПР активисти во Владата на Северната Република ги печати и подготвува на големо!

Секој оној што ќе се дрзне да застане наспроти овој фашизоиден примитивизам во замена за аргументи ќе биде подолжен на безмилосно јавно стигматизирање!

До влезот во НАТО отровната стигма, етикета, прогонот и говорот на омраза ќе бидат општествено прифатено поведение од страна на ЕУ институциите!

Така е тоа драги мои фашисти, знаеме каде ви е силата! Но, ајде да видиме кои се тоа тие – демократи, либерали, социјалисти, социјал-демократи, ѓоа левичари, евро интегратисти и интернационалисти: премиерот, неговите заменици, нивните најблиски соработници и целиот врв на власта се омажени или оженети за македонци или македонки или за албанки или албанци и сите се во бракови христијани со христијани и муслимани со муслимани!

Огромен дел од нивните животи пред стапување на функции им се одвивал главно во еден затворен круг на провинциските убави градчиња и китни селца во атарите на нивните фини македонски-христијански и албански-муслимански семејства и пријателства.

И во кругот на нивните национални партии затворени за припадници на други заедници. Огромен дел од нив не зборува ниту еден странски јазик, вклучително ниту англиски на пристојно ниво!

Видовме од премиерот како ги владее и соседните јазици! Речиси сите се образовале во нивните локални училишта и факултети и огромен дел од нив не биле на никакви научни или други стручни специјализации во Европа или во светот!

Сите се припадници на белата раса! Никој од нив, ама никој, никогаш јавно, надвор од политиката или за време на избори не протежирал со личен пример, дома, во неговата земја, ниту една единствена иницијатива, проект или програма која вклучува општозаеднички вредности на сите заедници во Македонија, Европа и светот!

Вистината е дека сета нивна политичка активност во последните 25 години се сведува на борба за остварување на личните права на нивните одделни национални и културни заедници!

Никој од нив нема иницијатива надвор од таа агенда!

Напротив, нивното политичко и приватно дејствување е насочено против другите заедници, јавно или прекриено! На пример, синот на високопрофилираниот политичар Груби, кому крстен кум му е мегаполитичарот Ахмети се вика Епир, според Грчката северна провинција Епир која територија е дел од проектот Голема Албанија и може да се види на сите карти кои сме ги виделе шетаат и летаат како орли по земјата и воздухот!

Замислете синот на пратеникот Милошоски да се вика на пример Егеј а кум да му биде шефот на опозицијата Мицкоски!? Како а? Замислете што ќе се случи? Но, нејсе! На сите ни е јасно дека единствен начин на спроведување на протектот НАТО е можен со фашизоидна тиранија на полициска држава која жестотко ќе ги прогонува сите неистомисленици.

И сосема е јасно дека тој режим ќе биде подржан од запад и југоисток! Наспроти нив ќе бидеме сите ние кои сме родени или имаме семејства од мешани бракови со различни нации, религии и раси! Нас, кои сме се родиле и живееме во мултикутурни семејства ќе не прогонуваат и осудуваат за национализам и шовинизам!

Особено на удар ќе бидат Македонците од дијаспората, кои сите, ама речиси сите самите живеат во мешани бракови а нивните деца без исклучок се во врска или во брак со Англичани, Португалци, Албанци, Шпанци, Кинези, Виетнамци, Арапи, Црнци а најчесто со Грци! Сите мои пријатели во Австралија, ама сите, без исклучок имаат едно или повеќе деца кои се во врска или во брак со некој припадник на друга нација, вера и раса, а најчесто и едното и другото и третото!

Но, тоа е состојбата, која убеден сум ќе биде се полоша и полоша и ќе ескалира на улица кога за едно исткнато знаме или натпис со името Македонија ќе апсат и ќе судат обични граѓани.

Е тогаш ќе биде нивниот крај! За жал, ќе се повторам и овој пат, ама: се што започнува со кич, завршува со крв!

Коментари

Популарно