Дневен хороскоп

И понатаму продолжуваме со мирниот период, неделата е одличен ден за нови почетоци, за стекнување нови пријатели, за вљубување или за смирување со некој со кого сте биле во лоши односи. Би можело да се каже дека е романтичен ден.

Венера денес ќе го контролира вашето однесување па препуштете и се и денот посветете го на саканата личност, пријателите, семејството. Изненадете некого со некоја ситница,изненадете со порака, повик, средба. Оние кои се вљубиле денес би можеле да тргнат чекор понатаму, како и оние кои се во врска, денот кога „НЕ“ не постои.

Бидете убави, среќни, вљубени, задоволни – денес!

Овен

Работа

Важно е да бидете забележани на различни страни и во таа смисла да ги користите своите

најсилни адути што ги имате. Големите амбиции понекогаш носат бројни нови предности

и позитивна доминација во однос на соработниците.

Љубов

Не му давате на партнерот многу простор за слободен избор, но за среќа вие делувате

многу убедливо и заводливо. Свесно го користите вашиот шарм во потполност.

Здравје

Склони сте кон настинки.

Бик

Работа

Подготвени сте за професионални докажувања под различни услови. Обрнете внимание

на некои корисни информации што ќе го олеснат вашиот пат до успехот. Сметајте на нечија

поддршка кога сте во „критични ситуации”.

Љубов

Задоволството што го чувствувате во нечие друштво може да ве наполни со позитивна енергија и да ги поместите вашите субјективни граници. Уживајте во блиското друштво.

Здравје

Ќе би годи одмор и опуштање.

Близнаци

Работа

Со цел да постигнете извонредни резултати, вие се согласувате на одредена импровизација. Понекогаш без поголем ризик, не постои забележителен успех или поголем одзив кај соработниците. Ќе се покаже дека имате добри бизнис проценки и решенија.

Љубов

Избегнувајте емоционални контрасти во реакциите, збунувајќи го вашиот партнер со некои идеи или чести промени во мислењето. Тешко е да го следите вашиот ритам кога ќе се потпрете на него.

Здравје

Добро се чувствувте.

Рак

Работа

Имате доволно искуство за реално гледање на сите предности или недостатоци кои

произлегуваат од можно деловно здружување. Размислете за тоа, интелектуални способности се од клучно значење за оценување на добрата деловна можност што ви се нуди.

Љубов

Тешко е да се ослободите од идеите што ги имате, но се чини дека некој нема доволно

разбирање за вашите емотивни потреби. Без оглед на сè, не потонувајте во меланхолично

расположение.

Здравје

Контролирајте го притисокот.

Лав

Работа

Користете ги своите вештини во различни ситуации и не се откажувајте од своите бизнис визии. Успехот е на ваша страна, се додека имате јасна претстава за што и што колку сакате да постигнете.

Љубов

Подготвени сте да направите скоро сè за вашиот партнер, но под услов некој да не ја загрози вашата воспоставена доминација и интегритет. Понекогаш е тешко да претпоставите

различни мислења.

Здравје

Можна главоболка.

Девица

Работа

Важно е да имате деловна цел, но уште поважно е да го одредите вистинскиот пат или

алатка која ќе ви овозможи успешна реализација. Делумните решенија само непотребно ве успоруваат и ја поттикнуваат вашата несигурност.

Љубов

Очекувате повеќе од она што партнерот може или сака да ви понуди. Некој од вас двајца

претерува во своите очекувани барања или користи погрешни изговори.

Здравје

Нема промени.

Терезија

Работа

Во согласност со претходното искуство, сега ги менувате вашиот стил или бизнис стратегија во односот кон околината. Вие имате значителна предност над вашите соработници и ништо не оставите на случај.

Љубов

Можете лесно да го промените вашиот емоционален интерес во зависност од расположението или лицето со се среќавате. Знаете како да се прилагодите.

Здравје

Добро се чувствувате.

Скорпија

Работа

Јасно ви е дека конечните резултати зависат од способноста правилно да се организираат.

Вашето внимание прво се фокусира на основните цели, но не се откажувајте од алтернативни идеи.

Љубов

Најдоброто што го чувствувате е кога имате впечаток дека под контрола имате важен дел од приватни ситуации, иако партнерот се почесто успева да ве изненади. За среќа нема причина да се грижите.

Здравје

Добро се чувствувате.

Стрелец

Работа

Можете да постигнете сè кога сте во центарот на главните настани. Успехот ви е на дофат,сторете сé што ви потребно за да остварите професионален и личен максимум во различни насоки.

Љубов

Понекогаш, речиси императивно, не се откажувате од своите емоционални намери, дури и по цена што сите околу вас размислуваат поинаку. Размислете внимателно, бидејќи сè има своја цена која не треба да ја игнорирате.

Здравје

Земајте витамини.

Јарец

Работа

Имате тенденција да претерувате, но не е се онака како што претпоставувате во духот на

вашите теории. Потребни се практични решенија, обидете се да го забрзате вашиот сопствен бизнис ритам и завршете се’ што сте почнале.

Љубов

Барањата кои се однесуваат на вашиот партнер не наидуваат на добар одек, но вие сте цврсти во намерата за постигнување на она што го сакате. Вие делувате многу упорно.

Здравје

Опуштете се.

Водолија

Работа

Јасно ви е дека во некои важни ситуации немате доволно влијание врз развојот на деловните настани. Прашајте за нечија поддршка или добар совет, постојат решенија кои бараат нов компромис.

Љубов

Обидете се да оставите впечаток дека сè функционира на добар начин, но длабоко во вас

потиснувате некои емоционални стравови и грижи.

Здравје

Задоволително.

Риби

Работа

Вие не сакате некој да ја промени вашата деловна ориентација или да управува со вашите планови.Треба да бидете темелно информирани за сите можности, комбинација на добра интуиција и аналитичките проценки носат нов успех.

Љубов

Можете да постигнете што сакате, без оглед на различните компликации што ве придружуваат или кон незначително неодобрување. Вие не се согласувате со емоционалните компромиси што некој ви ги предочува.

Здравје

Добро се чувствувате.

Коментари

Популарно