Сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од шест до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура до нула, а дневната температура ќе достигне до 13 степени.

Следува период на претежно сончево и потопло време со пораст на дневната температура

Од Верскиот календар

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 февруари. Денеска е Преподобен Исидор Пелусиот.Уште од раните векови во Црквата се утврдиле два облика на монашки живот: првиот е општожителството, или заедничкото манастирско живеење, а вториот е пустиножителството, или осамувањето и живеењето во постојана тишина на умот за да може да се наслушне таинствениот разговор на Бога со човекот. Еден од големите пустиножители бил свети Исидор, кого Црквата го слави денес. Живеел во петтиот век. Роден е во Египет во семејство на богати родители и стекнал добро образование. Но, уште млад го оставил светот, стапил во еден манастир, а подоцна се повлекол на пусто место близу градот Пелусија, Долен Египет. Набргу се расчул гласот за неговите подвизи и околу него се собрале други монаси. Живеел во постојано молитвено тихување се до смртта во 435 година

КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е  Св. Донат и неколку маченици. Свети Донат бил измачуван во Африка во 304 година, за време на прогонствата на Диоклецијан. Тој дошол во Африка за да ги крсти верниците кои биле подготвени за Светото крштевање. Римските војници го уапсиле свети Донат и верниците и им ги отсекле главите. Подоцна моштите на свети Донат биле пренесени во италијанскиот град Конкорд

Коментари

Популарно