ФОТО: Татјана Стојановска не се плаши од годините,но..

Таа важи за една од најубавите жени во Македонија, а многупати медиумите и го дадоа епитетот дека старее како добро вино.

Од неодамнешните содржини на Вистина.мк можевте да прочитате за деталите од љубовниот живот и заедничкиот живот со саканиот Михаил, како и тоа дека се уште не ја официјализирале врската во матично со брак.

Меѓудругото таа проговори и за убавината, дека не се плаши од староста и годините, но и за тоа дека почнала да употребува ботокс и филери за да го освежи својот изглед.

-Немам тајна формила како ја одржувам убавината и изгледот, вообичаени некои третмани, процедури што ги спроведувам, но ништо специјално. Јас не сум противник на естетската хирургија, сметам дека секој кој што мисли дека отстранувањето на некои недостатоци ќе му ја зголеми довербата и ќе го подобри нивното расположение, треба да го сторат тоа. Немам направено естетски зафати. Јас велам дај Боже да остареме, да ги добиеме тие брчки и се што доаѓа со годините, затоа што тоа е вредност во животот. Сега има такви процедури кои што можат на некој начин годините малку да ги избришат, да се подмладиме. Не се плашам од стареењето, зашто би било убаво и кога би остареле, заклучува Стојановска во интервјуто за „Бекстејџ“.

Таа на својот профил на Инстаграм објави токму една таква фотографија на која е пред постапката на ставање филери, а ги предложи за соврешени усни за Денот на вљубените.

Коментари

Популарно