(ФОТО) Љубов пред камери: Ова е сопругот на Јелена Јованова

Нашата позната актерка Јелена Јованова која моментално е актуелна по улогата на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“, веќе три години е во среќан и хармоничен брак со колегата од Хрватска – актерот Стјепан Периќ.

Нивната љубов се случи пред камери во 2014 година кога заедно ја снимаа серијата „Тајни“, каде Јелена ја имаше главната улога. Денес тие живеат во Хрватска, а Јелена во Македонија најчесто доаѓа поради професионални ангажмани, а не ретко со неа е и сопругот Стјепан.

Во едно интервју за хрварскиот 24 сата.хр, Стјепан пред неколку години откри како се чувствува како македонски зет и како знаел дека Јелена е вистинската жена во неговиот живот, но и за тоа кој е подобар актер, тој или таа.

Имав прилики да ја запознаам Македонија и прекрасните Македонци и пред да бидам со Јелена. Иако е тешко да се генерализира, но би го дале последното парче леб за гостите, отколку сами да го изедат“, вели Стјепан и продолжува за тоа кој е подобар актер, Јелена или тој, а како вистински кавалер одговара:

Машко и женско сме, па тешко е професионално да се споредиме. Но, ако морам да изберам, ја избирам неа, одговара Периќ.

Во една прилика кажавте: „Иако дојде време кога не е „ин“ да бидеш со некој засекогаш, јас верувам дека тоа постои и се надевам дека ќе запознаам жена со која ќе бидам среќан цел живот. Таа мора да биде вистинската и тоа ќе го знаете и почувствувате кога ќе ја најдете“ – Дали Јелена е таа? –прашува новинарот.

Да, Јелена е таа, завршува актерот за кого хрватските медиуми пришуваат дека потешко може да го добијат за изјава.

Инаку, Стјепан Периќ како дете не ни сонувал дека ќе се занимава со актерство. Првин студирал право од кое подоцна се откажал и завршува глума во Лондон.

Сепак, судбината поинаку си поиграла со професионалниот живот на Стјепан, па станува актер, а како животна партнерка избира токму актерка – нашата Јелена Јованова –Периќ.

Коментари

Популарно