Ѝ кажала на својата баба дека сопругот ја изневерил, а одговорот засекогаш ѝ го променил животот

Низ животот ќе искусиме неверојатни подеми, како што е денот на нашата венчавка, раѓањето на првото дете и многу други. Но, исто така мораме да се соочиме и со животни предизвици.

Ваквите неповолни искуства можат да нѝ помогнат во обликување на личноста додека секојдневно растеме и се развиваме во секој поглед. 

Еве и една таква приказна: што сте вие – морков, јајце или кафе?

Млада жена отишла кај својата баба и ѝ кажала дека нејзиниот сопруг ја изневерил и дека е шокирана и разочарана од него. Таа не знаела како ќе успее да го преброди тоа, а дури сакала и да се откаже од својот живот. Ѝ признала дека е уморна од борба и ѝ се чинело дека секогаш се појавуваат нови проблеми во нејзиниот живот.

Бабата ја ислушала ваквата приказна и ја одвела во кујната. Потоа наполнила три тенџериња со вода и ги ставила на оган. Во првото тенџере со зовриена вода, бабата ставила морков, во второто јајце, а во третото мелени зрна кафе. По 20 минути, таа ги тргнала од оган, го извадила морковот од вода и го ставила во сад.

Потоа, го извадила и јајцето и го ставила во друг сад, а на крајот го ставила кафето во една чаша. Притоа, ја прашала својата внука што гледа.

Жената рекла:

“Морков, јајце и кафе”.

Тогаш, бабата ѝ рекла да го земе јајцето и да го скрши. Жената ја скршила лушпата од јајцето и видела дека тоа е тврдо варено. Потоа, бабата ја замолила да го испие кафето. Внуката се насмевнала додека го пиела.

“Што значи сето ова? Која е поентата?”, ја прашала таа.

Старата и мудра жена ѝ објаснила дека секоја од овие намирници морала да се соочи со истиот проблем (вриењето на водата), но секоја од нив реагирала на поинаков начин.

Морковот бил тврд и непропустлив, но по 20 минути во зовриената вода, тој омекнал и станал “многу слаб”. Јајцето било кревко – неговата тенка лушпа ја штитела течната внатрешност, но по 20 минути, тоа станало цврсто.

Сепак, мелените зрна кафе биле единствени: откако биле ставени во зовриена вода, тие значајно го промениле нејзиниот вкус.

По ваквото објаснување, старицата ја прашала својата внука:

“Што си ти? Кога на вратата ќе ти затропа некој проблем, како реагираш? Дали си морков, јајце или кафе?”.

Размислете и вие за ова – дали сте морков кој наизглед делува цврсто, но со болката и неволјата “омекнувате” и ја губите силата? Или пак сте јајце – влегувате со полно срце, но се менувате со оглед на околностите? Или сте зрно кафе – кога работите се најлоши, вие станувате подобри и ја менувате околината околу себе? Дали кога предизвиците се најголеми, вие се качувате на едно друго ниво?

Коментари

Популарно