Фото-Видео: Од собраќајната несреќа во која загина Шабан Шаулиќ

По страшната сообраќајана несреќа која се случи утринава во Германија во која животот го загуби познатиот српски пејач Шабан Шаулиќ, се огласи и германската полиција.

Полицијата соопшти дека сообраќајна несреќа била предизвикана од возач кој бил во алкохолизирана состојба.<Како што посочија од полицијата, автомобилот марка „Мазда 6“, кој удрил во возилото „Сеат Ибица“, во кој бил Шаулиќ, го управувал со 34-годишен Германец.Полицијата исто така соопшти дека по несреќата било извршено тестирање над возачот, при што анализите покажале дека тој бил под дејство на алкохол, а исто така не поседувал ниту возачка дозвола.</p><p>До несреќата дошло откако автомобилот „Мазда 6“ удрил во задната страна на возилото „Сеат Ибица“, и од јачината на ударот двете возила удриле во банкините крај автопатот.Германските медиуми објавија и видео од местото на несреќата.

Најпрвин беше соопштено дека четири лица се пренесени в болница, но набрзо се објави и информацијата дека едно лице им подлегнало на повредите.Германската полиција не соопшти официјално дека станува збор за Шаулиќ, но веста за српските медиуми била потврдена од извори блиски до семејството на пејачот.Како што информираат српските медиуми, автопатот бил блокиран цели пет часа по незгодата. Порталите пишуваат дека со него бил и неговиот кум, кој е повреден.Несреќата се случила околу 6:50 часот наутро a aвтомобилот во кој се наоѓал Шаулиќ се движел во правец на Дортмунд.

Коментари

Популарно