Музичарот кој управуваше со автомобилот во кој беше Шаулиќ е во животна опасност

Германецот возач на автомобилот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина Шабан Шаулиќ помина само со лесни повреди на рамената, пренесуваат германските медиуми.

Лекарите сè уште се борат за животот на Мирсад Кериќ, музичарот кој управуваше со автомобилот во кој беше Шаулиќ. Тешко повреден е и кумот на пејачот, Слободан Бобан Стојадиновиќ, но тој е во стабилна состојба.

Коментари

Популарно