Видео: И големиот Шабан знаеше да пушти солзи

Легендарниот пејач на народна музика, Шабан Шаулиќ кој загина во тешка сообраќајна несреќа важеше за „суров“ професионалец, но и голем емотивец..

Кога ќе запееше во секој стих ги внесуваше и душата и срцето. Милиони плачеа со него. А како изгледа кога Шабан Шаулиќ плаче, кога кралот на народната музика ќе биде допрен до срцето со нечија песна, нечиј глас…, до толку да и тој пушти солзи.

Баш тоа се случи пред речиси 4 години, кога Шаулиќ беше дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

Натпреварувачот излезе и започна да пее, а потоа се случи нешто што малку кој очекуваше. Големиот Шабан Шаулиќ не можеше да ги задржи солзите.

Ова видео до сега е прегледано 6 милиони пати.

Според неофицијални информации кои ги пренесуваат српските медиуми, Шаулиќ треба да биде погребан во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта.

Коментари

Популарно