Температурите одат до околу 20°C

Под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини, во текот на новата недела ќе имаме стабилно, суво и сончево време, повремено со мала локална облачност, ќе дува и слаб ветер од променлив правец додека температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на новата недела ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, во централните и во југоисточните предели температурите на воздухот се очекува да се искачат до околу 20 степени.

Опаѓање на истите се очекува веќе од петок кон крајот на денот и навечер а сето ова ќе биде проследено и со северен ветер како и со локални слаби врнежи од дожд и од снег.

Инаку како што веќе кажавме, целиот eвропски континент се наоѓа под оваа стабилна, сува и невообичаено топла воздушна маса, во северната половина од истиот се очекуваат температури повисоки од нормалните дури и за 15 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Коментари

Популарно