Сончев ден со пролетни температури

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од девет до 17 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до 16 степени.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и потопло време. Во петок се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. В сабота ќе дува засилен северен ветер, наместа ќе има слабо провејување на снег. За време на викендот ќе има значително опаѓање на дневната температура.

Коментари

Популарно