Канадскиот пејач „се сликаше само на гаќи“

 Шон Мендес е Канадски пејач чие време доаѓа, тој освен со добриот глас, може да се пофали и со извајаното тело.

Шон “запливал” во манекенските води, што очигледно одлично му оди бидејќи станал заштитно лице на новата кампања на познатиот бренд Келвин Клајн. Со оглед на тоа што овој бренд ја стекна својата популарност со богатиот асортиман на долна облека, Мендез очекувано позирал само во боксерици. 

Овие жешки фотографии им се допаднале и на неговите колеги па така комплименти му доделиле Џенифер Лопез, нејзиниот партнер Алекс Родригез и Худи Ален.

“Избриши го ова пред да го види мојата девојка”, напишал Ален во коментари.

Згодниот Шон наскоро веројатно ќе објави повеќе слични фотографии со оглед на тоа што целата кампања ќе се појави оваа недела.

Коментари

Популарно