Сопругата на директорот на ЕЛЕМ стана шефица на кабинет во Централен регистар

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај директорката на Централен регистар, Марија Бошковска – Јанковски, пишува „А1он“.

Вработувањето на Миновска доаѓа една година откако нејзиниот сопруг е именуван за директор на ЕЛЕМ, а два месеци откако Бошковска-Јанковски седна на директорското столче во Централен регистар.

Директорката Бошковска – Јанковски ја потврди информацијата за „А1он“ и додава дека Миновска била избрана на јавен конкурс. Во врска со низата вработувања во Централен регистар на семејствата од функционерите, вели дека се е регуларно и по пат на јавен оглас. Таа ги демантира пишувањата на социјалните мрежи дека во Централниот регистар се вработени 70 лица кои се партиски кадри на СДСМ, ДУИ и НСДП.

Коментари

Популарно