ФОТО: Ова еновото момче на Ирена Спировска

Една од нашите најубави и најангажирани водителки Ирена Спировска е среќно вљубена. Спировска неодамна во друштво на својот партнер се појави на модна ревија на домашен дизајнер. Спировска и партнерот за кој велат дека е од Велес се држеле за рака за време на ревијата, што е забележано на фотографијата.

Спировска е позната како личност која не го експонира својот приватен живот.

„ Ова не е ништо ново. Во врска сум, што е сосема нормално. Да сакав да го сокријам својот партнер, немаше да се појавам на јавно место со него. Никогаш не сум зборувала за својот приватен живот, затоа и се вика приватен“, изјави Ирена.

Спировска, која сега е на позицијата маркетинг директор на Алфа Тв изјави дека свесно или несвесно, сите овие години љубовниот живот го ставила на маргините. 

„ Бев фокусирана на други нешта, на работата, многубројните ангажмани. Сепак верувам дека секој од нас има своја идеална половина која ќе сретне порано или подоцна во животот“,  изјави Ирена во октомври во 2017 година. 

Таа е активист, волонтер во НВО „Борка“ и член на Извршниот одбор. „ Мајка ми почина од рак на дојка кога имав 10 години. Знам како изгледа кога некој се бори со оваа болест и што значи тоа за селото семејство. Сочувствувам со сите оние кои водат борба со ракот“,  изјави таа во истото интервју во кое зборуваше и за својата голема страст, планинарењето.

Коментари

Популарно