Овие хороскопски знаци ќе ве завртат околу малиот прст

Ако заведувањето и флертувањето ви оди подобро отколку на вашите пријателки, веројатно ѕвездите имаат „замешано прсти“ во тоа.

Некои хороскопски знаци едноставно се многу поотворени и поподготвени за акција од другите, а вистинските експерти за флерт се кријат во следните три знаци.

Лав

Лавовите каде и да појдат стануваат главни ѕвезди. Исклучително се шармантни и храбри, што ги прави неодоливи, па не мора премногу да се трудат околу заведувањето.

Риби

Рибите точно знаат како може да освојат одредена личност, па многу брзо го добиваат она што го посакуваат. Тоа што постојано сонуваат за нешто и нивниот начин на размислување, на многумина им е неодолив, а тие и тоа како се свесни за тоа.

Близнаци

Заводливите Близнаци секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, во кое уживаат на многу суптилен начин, што на спротивниот пол воглавно многу му се допаѓа кај нив. Многу се друштвени и добро се вклопуваат во секоја група на луѓе, а со широкиот спектар на теми за кои сакаат да зборуваат ги освојуваат и „најтешките“. 

Коментари

Популарно