ВИДЕО: Снимка од бремена жена во бикини на скии ги згрози сите

Бремена жена која е снимена како со скии се спушта по ски стаза во бикини добила бројни негативни критики и навреди на своја сметка кога ова видео се појави на социјалните мрежи.

Неименувана жена, која изгледа како да е во подоцнежна бременост, на снимката од рускиот град Новосибирск се гледа како на скии се спушта по стазата, а во еден момент застанува и позира за фотографија. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Купальный сезон открыт в Горском сноуборд-парке 🤰🏻

A post shared by АСТ-54 (@instact54) on

Снимката предизвика расправа веднаш штом беше објавена на Инстаграм, а многумина изразиле загриженост за идната мајка која учествуваше во толку екстремен спорт на снег и тоа во бикини.

"Го става своето бебе во опасност: "Може да падне или некој да удри во неа", "Само Бог знае што може да ѝ се случи по таа стрмна патека", "Мислам дека нема памет, што ако паднеше и го повредеше бебето?", беа дел од коментарите.

Иако имаше и такви кои ја нарекоа авантуристка, поголемиот дел од реакциите беа негативни, а покрај тоа што застанала на скии, многу беа погодени и од аутфитот кој е многу несоодветен за нејзината состојба.

Коментари

Популарно