ФОТО: Мартина Михајловска се враќа во јавноста

Македонската манекенка, модел и ТВ водителка Мартина Михајловска важеше за една од најубавите, најзгодните и најпосакуваните девојки во Македонија.

Откако претходно ја обелодени врската, во октомври 2017 нејзиниот партнер ја побара за жена, а во август 2018-та, иако мошне млада, стапи во брак со охридскиот бизнисмен Виктор Илоски. Подоцна ги објави првите фотографии од свадбата и македонската Ева Мендез, како што ја нарекуваа медиумите додека беше една од последните водителки на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстрејџ“, преку ноќ исчезна од јавноста.

Покрај „Бекстејџ“, последното нешто во кое се појави како модел беше учеството во видеото на Александар Тарабунов Тара снимено токму во Охрид за песната „Сакам, не сакам“.

Бракот и брачниот живот во двојка си го прават своето и подразбираат дека голем дел од времето морате да го посветите и на домот, сопругот и брачните обврски, но сепак, убавата Мартина едноставно ја снема. И од медиумите, и од социјалните мрежи, а со тоа и од очите на јавноста.

Последните фотографии на атрактивната охридска снаа беа направени кон крајот на минатата 2018 година во рамките за рекламната фотосесија за еден познат регионален бренд за долна облека.

На нив Мартина одново изгледа убаво, пожелно, секси… речиси непроменето. Манекенската става се уште ја задржала, изгледот и онака не можел драстично да се промени за кус период.

Мартина и пред објективот на уметничкиот фотограф Стефан Соколвски изгледа божествено во сесијата направена во ексклузивниот охридски лоунџ бар и бутик хотел „Mr. I“, деновиве.

На крстопат помеѓу мајчинството и продолжување на кариерата или само новонадојден порив и обична желба да се потсети на славните денови?

Што и да одбере, убавицата нема да згреши.

Коментари

Популарно