Сергеј Варошлија: Се дрогирав, а мојот партнер беше избркан од дома кога неговите дознаа дека е со мене

Познатиот стилист и ТВ-водител, Сергеј Варошлија, и понатаму ја шокира јавноста со контроверзните коментари и изјави во неговото модно шоу кое се емитува на „1ТВ“.

И покрај неколкуте претставки до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) упатени од револтирани гледачи кои го обвинуваат дека ги прекршува правилата за користење на лични податоци и дека користи „говор на омраза“, Варошлија не отстапува од својот концепт.

Минатата година токму во неговата матична куќа, Сергеј во емисијата „Лица“ на Анета Кочишки како никогаш досега зборуваше за животните подеми и падови, за зависноста од наркотици, својата сек*уална ориентација, за деновите исполнети со неизвесност и страв.

„Бев кид*апиран среде бел ден, морав да му се јавам на татко ми кој имаше р*к“,

„Ќе бидам неискрен ако кажам дека е неточно дека консумирав недозволени средства и мојот партнер е избркан од дома кога неговите дознале дека е со мене во врска“ се само дел од изјавите на Варошлија кои тогаш не ја оставија рамнодушна македонската јавност.

Коментари

Популарно