(ВИДЕО) Костадинов: Мицковски и Груевски виновни за инцидентот во Шутка

СДСМ смета дека актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и екс лидерот и поранешен премиер Никола Груевски стојат зад инцидентот во затворот во Шутка во кој беа нападнати поранешните министри Миле Јанаиески и Спиро Ристовски. Според партискиот портпарол Костадин Костадинов сакаат со нови насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, како осомничен организатор за насилствата на 27-ми април.

- Однесувањето на антизападниот Мицкоски и неговиот театар во болницата 8-ми септември е само уште една потврда за тоа. Особено имајќи предвид дека лицето М.Ј воопшто немало никакви повреди, што е потврдено со прегледот. СДСМ најостро осудува било какво насилство и во таа насока го осудува инцидентот во затворот Шутка.  Нема толеранција за било какво насилство. Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски. Очекуваме сите надлежни институции до крај да го расчистат овој инцидент. Нема да им дозволиме на Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии и да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните. Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее, одговороност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април мора да има,изјави Костадинов.

Коментари

Популарно