Котески: Ќе си дадам оствака, иако е местенка!

Директорот на истражниот затвор во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, ќе го послуша премиерот кој од него побара оставка по вчерашниот инцидент во кој беа нападнати ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски. Оставката најави дека ќе ја поднесе во понеделник до кога очекува да заврши и внатрешната истрага за одговорноста на лицата вработени во затворот.

„Зборот на премиерот е последен збор. Ако е прв меѓу еднаквите, треба да се почитува неговиот збор. Јас дополнително ќе разговарам со премиерот бидејќи би сакал ако може да имам простор да ја завршам истрагата и со комплетен извештај да истапам и пред Управата за извршување санкции, пред Министерството за правда и министерката Рената Дескоска и пред премиерот. Ќе ја почитувам одлуката во однос на побараната оставка. Барам само да ја завршам истрагата“, изјави  директорот Котевски.

Тој тврди дека со внатрешната истрага утврдиле нови детали кои ќе ги соопшти откако ќе заврши истрагата. Смета дека се работи за монтиран случај.

Ексминистрите Јанакиески и Ристовски се под постојан надзор, а сместени се во хашкиот оддел во затворот.

Инаку, премиерот ја даде сленава изјава:

„Јас се слушнав со директорот Ѓоко Котевски во врска со инцидентите во Шутка. Тој ми поднесе устен извештај дека притвореното лице Спире Ристовски со погрдни зборови прв вербално нападнал друго затворено лице, а потоа за многу кратко време се случил уште еден таков инцидент. Тоа не може да се толерира, без разлика дали истрагата ќе покаже дека нападнатите две лица го испровоцирале инцидентот или не. Во затворот секој треба да си ја врши работата и да не дозволува ни намерни и ненамерни инциденти. И секое лице што наоѓа таму лишено од слобода треба да биде безбедно. Со оглед на тоа што Владата го именува директорот на затворот во Шутка, очекувам тој во понеделник до Владата да си поднесе оставка“, рше Заев на конеференција за борба против корупцијата во Скопје.“

Коментари

Популарно