Синот на Нано Ружин на имотен лист пријавил часовник поскап од просечен автомобил

Синот на некогашниот амбасадот на Македонија во НАТО, Нано Ружин, Александар Ружин пишуваше статуси на социјалните мрежи и објаснуваше како треба да оди вработувањето во државната администрација ужива во луксузни предмети и автомобили.

Часовник вреден 10 000 евра во својот имотен лист пријавил Александар Ружин, кој е член на надзорниот одбор на Јавното петпријатие за државни патишта. Синот на Нано Ружин, е веројатно носителот на јавна функција кој има пријавено најскап часовник. Покрај Ролексот Сабмаринер тој пријавил и накит вредени 300 000 евра.

Симптоматично е што помладиот Ружин постојано постира слики од луксузен џип од марката Порше, a во имотниот лист го навел само „скромното“ Ауди А3  кое е 200 000 денари поскапо од часовникот кој го има на рака.

Коментари

Популарно