Како една „крадачка на мажи“ стана омилена меѓу жените?

Периодов не престануваат вестите за Лејди Гага и Бредли Купер и нивната платонска (барем за сега) љубов или романса.

Кулминацијата се чини се случи на годинашните „Оскари“, кога буквално сѐ искреше од нивната хемија.

Ирина Шајк прва ѝ честиташе на Оскарот, за потоа многу бргу да ја одследи од Инстаграм.

И одеднаш се створија два табора – оние за Лејди Гага и оние за Ирина Шајк.

Од целата оваа реална или фејк романса, сеедно, јасно е дека сѐ уште ни е потребно да веруваме во бајки. Потребно ни е да се идентификуваме со некој што некогаш не бил прифатен или толку убав или несигурен, бидејќи секој во одреден момент се почувствувал така. Потребен ни е среќен крај, да веруваме дека сѐ уште постојат среќни приказни... Дека љубовта победува сѐ!

Тоа значи дека светото околу нас е толку грд, што се враќаме на приказни кои ќе ни внесат барем малку верба дека убавите, добрите нешта победуваат. Луѓето ги поистоветија ликовите со актерите (а најчесто е обратно) и навиваат за љубов!

Но... Бек ту ријалити.

Во реалното сценарио, жените би требало да ја „мразат“ Гага. Таа е крадачка (wanna be крадачка) на маж, кој е оженет и има дете. Сепак, таа има цела армија жени зад себе кои навиваат за тоа таа да биде со оженетиот!

Од друга страна, Ирина изгледа како божица, физички е речиси совршена, што невозможно е да не ја забележите. Сепак, жените со неа не се поистоветуваат, туку ѝ завидуваат.

Исто така, овој пример покажува дека не секогаш совршената надворешна убавина е доволна, туку многу е поважно како зрачите. А Гага зрачи со страст, со емоција, со емпатија... И така, во просторија каде имате бескрајно многу луѓе и Гага и Ирина, вие попрво ќе ја забележите Гага, која таква ниска, несовршена, ќе издоминира и ќе ги покори сите со својата енергија и талент.

И на крајот, додека сите навиваат за бајката и одеднаш ги занемаруваат сите морнални кодекси, на кои секогаш со задоволство и ревност се повикуваат кога треба туѓиот живот да се анализира (најчесто без било каква покана), Гага ги реши сите прашања, недоумици и ја плесна вистината во лице - Ви го дадовме тоа што сакате да го видите!

Со тоа, на Гага и Бредли треба да им се оддаде уште еден долг аплауз за глумата, која успеа дури и најголемите скептици или прагматичари да ги натера да помислат дали помеѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

И уште еден аплауз за Гага, бидејќи ѝ успеа да биде првата жена која во една сезона ги освои сите пет престижни награди – Златен Глобус, БАФТА, Греми, „ Crtitics choice awards“ и Оскар и со тоа ги затвори устите на сите што мислеа дека не може да успее, не знае или е „фрик“. Овој „фрик“ успеа да надмине и многу поискусни од неа.

И додека времето покаже дали од сето ова ќе излезе некоја нова сочна приказна за медиумите, осврнете се на љубовта во вашиот живот, во било кој облик. Потрудете се да ја најдете и да работите на себе, на вашата перцепција на нештата, за она што за вас е бајка, да стане реалност!

Автор: Бети од трети

Коментари

Популарно