Калиопи брутално искрена за Евровизија

Македонската пејачка Калиопи Букле, која два пати ја претставуваше Македонија на Евровизија, за „Блиц“ го раскажа и своето искуство.

„„На оној кој му пречи, е на погрешно место. Јас тоа не го доживеав така, јас едноставно уживав од првиот до последниот ден во целиот процес, бидејќи не се претставував сама себе, туку и својата земја, а кога ќе ја претставуваш својата земја мораш да дадеш 10 пати повеќе од тоа што си навикнат“ вели Калиопи.

Опи вели дека не постои конкретна шифра за тоа каква треба да биде песната за да има убав пласман на музичкото случување.

„Не постои шифра, не постои рецепт песната да биде ова или она. Не, песната треба да удри од другата страна. Јас мислам дека емоцијата е таа која ги зближува луѓето и да заборават на кој јазик зборуваат“ вели Калиопи.

Оваа година Македонија на Евровизија ќе ја претставува Тамара Тодевска која во понеделник ќе ја објави својата песна.

Коментари

Популарно