Почина пејачот на „Продиџи“

Кит Флинт, вокалистот на британскиот електронски бенд „Продиџи“, почина на 49-годишна возраст.

Пејачот беше пронајден мртов во неговиот дом во Есекс, Англија. 

Портпарол на тамошната полиција потврди дека Флинт е починат и истакна дека смртта не се смета за сомнителна.

Кит Флинд е роден на 17 септември 1969 година. Препознатлив по неговата флуоресцентна коса, овој музичар ги испеа најпознатите песни на бендот, „Breathe“ и „Firestarter“.  

„Продиџи“ неколку пати настапи во Македонија и е еден од омилените бендови на многу генерации.

Коментари

Популарно