Мајката монструм призна дека ја продавала 14 годишната ќерката за пари

Трагичната приказна од Суботица го шокираше регионот, кога се дозна дека 14-годишно девојче кое живеело со својата мајка било продавано за пари од страна на својата 42-годишна мајка Е.Р. во последниве два месеци. Девојчето кај својата мајка дошло да живее по своја желба, а претходно живеело со хранителско семејство.

Мајката престојувала во соба покрај просторија во која носела клиенти за својата малолетна ќерка, а за тоа би им наплаќа 50 евра или 6.000 динари. Е.Р. е уапсена на 25. февруари.

Продавањето на детето го пријавил таткото, а мајката признала дека се занимава со проституција, односно свесно го извршувала кривичното дело. На клиентите не им кажувала дека тоа е нејзина ќерка.

Соседите велат дека не ја познаваат мајката, но слушнале дека во нивната куќа има страшно малтретирање.

-Гледавме дека пред нивната куќа постојано паркираат луксузни возила, но не гледавме ни кој влегува ни кој излегува. Шокирани сме како мајка може тоа да му го направи на своето дете - вели соседот.

Истрагата ќе утврди колку години затвор ќе добие Е.Р., а според законот предвидени се најмалку 5 до 20 години.

После психијатриското вештачење ќе се знае и судбината на девојчето.

Коментари

Популарно