Не ме оставај сега, сама нема да издржам

Српската пејачка Јелена Карлеуша и понатаму е скршена за смртта на својата мајка на која и беше ќерка единица и со која израсна откако се разведоа од татко и. Карлеуша секогаш зборуваше колку се поврзани, дека се што е денес станала поради мајка и и дека ако таа почиине и Карлеуша ќе нема сила за понатаму.

За жал Дивна по тешко боледување почина на 61. година во својот дом.

Во тешките моменти Душко не се двоеше од пејачката, а српскиот Курир пишува дека Карлеуша го молела да не ја остава во тешките моменти зошто сама нема да издржи. Таа го молела да не се враќа во Кина каде игра и работи, за да биде со неа.

Јелена е на лекови за смирување, а нејзините деца уште не знаат дека се без баба.

Коментари

Популарно