Јелена ќе го промени името во чест на мајка и Дивна

Српската пејачка Јелена Карлеуша во знак на благодарност сеќавање и почит, сака во своите лични документи да го додаде и името на својата почината мајка Дивна. Нејзините блиски пријатели велат дека пејачката е очајна и одбива да го прифати фактот дека нејзината мајка Дивна, со која биле многу блиски повеќе не е со неа.

И покрај тоа што нејзината здравствена состојба сега е поправена и почнала да јаде и спие, Јелена и понатаму постојано зборува за Дивна и често знае да заплаче. Нејзин близок пријател за медиумите изјавил дека сега пејачката е решена на необичен начин да и се оддолжи на покојната мајка, менувајќи го името на документите.

„На Јелена многу и значи поддршката од пријателите и членовите од семејството кои постојано се позади неа. Успеа да се опорави од огромниот шок и болка, но и понатаму е тажна и депресивна. Кога говори за Дивна, веднаш се расплакува и се сеќава што се случувало во претходните денови. Мене ми рече дека кога ќе мине некој период, планира на своето име да го додаде и името на покојната Дивна, затоа што и значи премногу. Смета дека на тој начин постојано ќе биде поврзана со нејзината мајка и истовремно би и се заблагодарила за нејзината поддршка и сето тоа што го направила за неа додека била жива“, вели близок пријател на Јелена.

Пејачката е свесна дека нејзиниот живот и се што се случува околу неа, ја интересираат јавноста, но дека сепак нема намера да говори во овие болни моменти за тоа кога ќе се врати на сцената.

„Одлуката на своето име да го додаде името на мајка и ја донела од лични причини и тоа ќе го пишува само во нејзините документи. Во јавноста таа и понатаму ќе биде Јелена Карлеуша како и досега. Мислам дека формалноста ќе заврши за месец дена. Но сигурно за тоа Јелена нема многу да зборува, како што верувам дека нема да зборува некое време ниту за Дивна, затоа што тоа претставува премногу болно за неа. Двете беа поврзани во изминатите 40 години и ова низ кое што Јелена поминува е сосема разбирливо. Познавајќи го нејзиниот борбен дух, сигурен сум дека за неколку месеци ќе се врати на својата работа, но повеќе никогаш нема да биде истата личност. Дивна беше жена на која Јелена многу се потпираше и таа празнина секогаш ќе се забележува кај Јелена“, вели пријателот на Јелена.

Коментари

Популарно