Казната што го чека Заев, зошто од правото се бега, ама од правдата не

Фејсбук статус на Саше јанчев:

Секоја година за Прочка дискусијата оди во две крајности. Едната е дека не треба воопшто да им се прости на тие кои ви згрешиле, а другата е дека треба на сите да им се прости. Проблемот е што целата дискусија е темелена на погрешна основа. Тоа е дека кога му простувате некому тоа го правите за негово, а не за ваше добро и дека простувањето значи да заборавите на неделото на тој што ви згрешил со што изостанува казната која праведно треба да следи.

Прво, простувањето не е за тој што ви згрешил. За вас е и е со цел да не живеете во гнев туку да се оспокоите. Оти живеење во гнев е самоповредување. Кај веќе некој ве повредил па и на врз сето тоа и да се самоповредувате?

Второ, простувањето никако не значи заборавање на неделото кое некој го направил кон вас. Да заборавите кога некој ви прави лошо е антиеволуциски. Меморијата е еволуциска придобивка и наследство од нашите прапредци за да знаеме од каде и од КОЈ да се чуваме. Ако не памтеа нашите предци од каде иде опасноста немаше да преживеат. А ако они не преживеаја немаше да не има и нас.

А тие кои постојано им грешат на другите, ако не се опаметат и покајат, на крај ќе останат сами, изолирани. Ете ја казна, ете ја и правдата оти поголема духовна казна од самотијата нема.

Од друга страна пак ќе си кажете што проповеда сега овој, еве Заев е грешен спрема цел народ па не е сам. Толку е грешен што солна киселина не го пере, а не е сам. Па и ни се обраќа со видео порака за Прочка. Е така де ама он не е сам оти е уште на власт. Оти има моќ. А штом има моќ може да биде од корист. Ете затоа е опкружен со многу луѓе оти сите тие се таму само од корист. Кога ќе падне од власт нема веќе да биде корисен, а тогаш сите овие користољубиви околу него ќе исчезнат за секунда. Ќе остане сам, само што неговата самотија нема да биде обична, неговата ќе биде од епски размери. Не е исто да си грешен кон еден, двајца и да останеш без нив и да се грешен кон цел народ. Он цел мандат зборува како се бори против изолација, а на крај ќе доживее епска изолација. Од правото се бега, ама од правдата не  ;)

#ПростиИмНоНеИмЗаборавај

#ПростиИмНоНеГиГласај

Коментари

Популарно