Кој познат тренер се враќа во Реал?

Од Управата на Реал Мадрид го направија неверојатното, успеаја да го убедат Зинедин Зидан да се врати како тренер на тимот до 2022 година, ставајќи крај на шпекулациите за негово преземање на Јувентус, но и на Челси.

По катастрофалната недела во која двапати загубија од Барселона и беа елиминирани во осминафиналето на Лигата на шампионите од Ајакс со домашен пораз од 1:4, Сантијаго Солари е отпуштен и на неговото место доаѓа Зидан, кој се повлече минатото лето по третата титула од Лигата на шампиони освоена со „кралскиот клуб“.

46-годишниот Французин беше на чело во 149 меча со „Лос бланкос“, а ја освои и титулата од Ла лига во 2017 година, но реши да си замине неочекувано во текот на летото, откако од клубот замина и Кристијано Роналдо.

Коментари

Популарно