ФОТОГРАФИИ од породилната сала од моментот на раѓањето на близнаците на Јасемин од „Вљубениот ерген“

Турската актерка Синем Мустафа, која ја знаете по улогата на Јасемин од серијата „Вљубениот ерген“, вчеравечер на свет донесе две момчиња и за првпат се оствари во улогата на мајка.

34 годишната турска актерка на изненадување на своите обожаватели објави емотивни моменти од породилната сала каде бил присутен и нејзиниот сопруг.

Бебињата се родени три недели пред терминот, а едното е помало и останува на дополнителна нега во болницата.

Инаку, пред неколку недели актерката правеше забава за доаѓањето на бебињата кои ги добија имињата Мустафа и Кемал.

Коментари

Популарно