Внуката се борела за живот, бабата не давала никој да се доближи

-Видов жена како носи дете низ дворот. Не знаев за што станува збор, па излегов да видам.Детето беше мокро и едвај дишеше.Таа зборуваше неповрзано, дека и паднало во вода, но не сакаше да ми дозволи да го допрам девојчето- раскажала соседката која гледала додека малото девојче умирало во рацете на баба си во селото Велика Греда во Србија.

Соседката раскажала дека поминала покрај дворот пред несреќата, а 2- годишното девојче седело во скутот на бабата.

-Девојчето беше живо, и реков да ја преврти и да ја соблече мократа гардероба, но таа ја стегаше и не ми даваше да ја допрам. Ја барав да ми ја даде, но ја стегаше и викаше „тоа е мое дете“ додека малото ангелче умираше во нејзините раце, се гледаше дека се бори за воздух- рекла таа.

Од силен шок и страв не знаела што да направи

-Кога пристигна Брза Помош, едвај и го земаа детето од раце, ја ставија во амбулантно возило и ја однесоа,а бабата остана да вика„тоа е мое дете сакам ијас со него“. Не можам да се смирам, можев да го спасам девојчето, но сега е доцна- раскажала соседката.

Потсетуваме дека трагедијата се случила додека во куќата биле малата Леа и нејзиниот брат близнак, а нивната баба се грижела за нив, додека росителите биле на лекар со постарите две деца кои исто така се близнаци.

Коментари

Популарно