Какво изненадување криел стариот кревет?

Лара, Риз и Кали студенти од Њујорк, кога  решиле да го опремат својот стан, купиле и половен тросед за 20 долари, не насетувајќи што се крие во него.

Меѓутоа додека гледале  филм слушнале шум од внатрешноста на креветот и откриле дека во едната перница се кријат 700 долари. Меѓутоа, тоа не било крајот.

 Сумата што ја пронашле во целиот кревет била 40.800 долари. Во еден коверт пронашле и име од една жена, па одлучиле да ја контактираат.

Станувало збор за баба, која овде ја криела својата заштеда. Кога таа завршила во болница, а нејзиниот сопруг починал, нивната ќерка одлучила мебелот да го даде на распродажба не знаејќи дека во него има тајна заштеда.

Во знак на благодарност, бабата  на студентите решила да има даде 1000 долари.

Коментари

Популарно