Уапсен поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков

Од страна на Обвинителството се бара притвор за четворица вработени во УБК, меѓу нив е и Тони Јакимовски -поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков.

Осомничените во вкупно 172 наврати, подигнале парични средства за кои поднесувале барања и стални признаници за износите што ги подигнувале. На крајот од годината, документацијата за исплата – „Главните книги за евиденција“ ги уништувале, без посебно одобрение од Директорот на Управата и без соодветни документи. Осомничените предизвикале штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 50.670.000,00 денари“, велат од Обвинителството.

Попладнево Тони Јакимовски беше уапсен , откако претходно беше на распит за случајот на СЈО „Таргет Тврдина“.

Коментари

Популарно