По притворите и малтретирањата Игор Дурловски конечно на слобода!

Оперскиот пејач, Игор Дурловски е прогласен за невин за упадот во Собранието на 27 април.

Тој беше еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“ .

За време на судењето Дурловски изјави дека верувал и се уште верува во каузата и дека се плашел за иднината на неговата земја и се уште се плаши. Додаде дека се плаши оти државата му ја украла татковината, но порача дека за неговите ставови не може да го осудат.

Можете како луѓе да се согласувате или не со мене, може да ви се гадам поради тоа, но не можете да ме осудите за тоа, бидејќи вие сте судии. Во моментов кога ја носите одлуката, државата ни е поделена на наши и ваши, но судот ја има задачата да испрати порака дека тука сме сите исти без разлика на ставовите, порача Дурловски.

Тој потенцираше дека обвинителството го товари за две работи – дека држел потпалувачки говори и дека се коцкал со државните интереси за некоја материјална корист.

Кога ќе ја носите одлуката, запрашајте се кој е тој потпалувачки говор? Со кои зборови сум повикувал на рушење на уставниот поредок? На 27 април ја пеев химната на Република Македонија и заминав на ракометна утакмица со мојот син. Кога се влегуваше во Собранието јас бев пред спортската сала. Кога видов што се случува се вратив кај Собранието. Бев таму, но не држев говор. Ако само за присуство во Собрание сметате дека сум виновен, осудете ме – рече Дурловски.

Коментари

Популарно