На турнирот во Индијан Велс не очекува меч за паметење

Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе се соочат еден против друг по 39-ти пат, откако двајцата се квалификуваа за полуфиналето во „Мастерс“ турнирот во Индијан Велс.

Федерер го елиминираа Хуберт Хуркач од Полска со 6:4, 6:4, а Надал  имааше малку потешка задача против рускиот тенисер Карен Хачанов – 7:6 (2), 7:6 (2).

И двајцата тенисери  не изгубија сет од почетокот на турнирот. Тие не се сретнале на теренот во последниве 16 месеци, а актулениот баланс помеѓу двајцата е 23:15 во корист на Матадорот. Сепак, последните пет натпревари ги освои Маестро.

Дваесет и две-годишниот Хуркач отстрани тројца носители за да стигне до своето прво четвртфинале на турнир од АТП 1.000. Сепак, немаше многу шанси за неговиот идол од детството.

– Тоа беше вистинска лекција за мене. Роџер беше едноставно совршен во клучните моменти, призна Полјакот по мечот.

Самиот Федерер пак го прокоментира дуелот против својот најголем ривал во кариерата во полуфиналето.

– Против Рафа ќе биде многу тешко. Тој е во добра форма и сака да игра тука. Кога е здрав, натпреварите против него се вистински тест. Не можам да сметам на фактот дека она што ми донесе успех последниот пат, ќе ми заврши работа и сега, рече Федерер.

Во другиот полуфинален дуел ќе се сретнат со Милош Раониќ и Доминик Тим.

Коментари

Популарно