Претежно сончево, со умерен ветер

 Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец.

 Температурата во утринските часови ќе биде во интервал  од минус два до четири степени, а дневната температура од 15 до 25 степени.Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до 23 степени.До вторник претпладне ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура

Коментари

Популарно