Џесика Алба открива која е тајната на нејзиниот долг и среќен брак

Актерката Џесика Алба е во брак со продуцентот Кеш Варен од 2008-ма гоина, а имаат и три деца, две девојчиња и еден син.

Иако холивудските бракови често немаат многу надеж, бидејќи многумина веруваат дека екстравагантниот начин на живот на актерите, продуцентите, пејачите и другите често не издржуваат долготрајни љубовни врски, но убавата Џесика и нејзиниот сопруг се вистински исклучок.

Во недамнешно интервју, актерката ја прашале според неа кој е рецептот за среќен брак, на што таа одговорила дека тоа е пријателството. „Ние и понатаму сме заљубени. Со текот на времето научивме да комуницираме и да ги решаваме несогласувањата, пред расправијата да прерасне во карање. Ние пред сè сме пријатели и имаме многу голема почит еден кон друг“, додала Џесика.

Таа исто така открила дека сопругот ѝ е голема поддршка во секој момент и дека тие секогаш се трудат да најдат време само за нив, што е клучно за опстанување на добар и здрав брак.

Коментари

Популарно