ФОТО: Ким Кардашијан го копира стајлингот на Наоми Кембел од 90-те

Иако веќе неколкупати (официјално и неофицијално) е прогласена за највлијателна светска трендсетерка, Ким Кардашијан Вест овој пат е обвинета за копирање на туѓ стајлинг.

Обожавателите на легендарната манекенка Наоми Кембел воочиле дека Ким низ годините копирала неколку нејзини стајлинзи и тоа многу детално.

Една Твитер корисничка објавила видео во кое ги споредува Наоми и Ким, а во описот додала: „Еднаш е несреќа. Двапати е случајност. Трипати е примерок.“

Но, освен во облеката, некои се надоврзале дека Ким постојано наоѓа инспирација во Наоми и за фризурата и шминката.

Иако повеќето ја критикувале старлетата, некои нејзини обожаватели истакнале дека Наоми била манекенка чија работа ѝ била промовирање на модни трендови, за што била платена.

Што мислите вие, случајност или „примерок“?

Коментари

Популарно