ФОТО: Теа Трајковска се соблече како од мајка родена во кревет

„Која сум јас“, носечката нумера од деби-албумот на младата и атрактивна пејачка Теа Трајковска е конечно екранизирана и тоа во една приказна која дефинитивно ќе го привлече вниманието на публиката.

Теа добро сфатила дека шоу-бизнисот не подразбира само перманентност со објавувањето нова музика и спотови, туку бара и оригиналсност по која ќе се издвојува од останатите и дека окото и увото на јавноста за брзо ќе те заборават ако уникатноста изостанува.

Теа иако не е долго време присутна на музичката сцена, таа очигледно ја научила лекцијата како да се биде во тек со музичките трендови, но и начинот на кој самата се експонира во јавноста.

Провокацијата за неа е незаобиколен дел, но умерена и вешто дозирана без да се добие погрешен впечаток.

Досега многупати на социјалните мрежи објави провокативни фотографии на кои покажа гола кожа, но никогаш не ја премина границата, туку ја нагласи женственоста и сексапилот само да ја закокотка љубопитноста.

Меѓу нејзините најнови фотографии се најдоа и такви каде е гола во кревет, а со постелнината ги покрива интимните делови.

„Добро утро“ гласи описот на фотографијата каде е гола и свртена со грб, а со тоа го вжешти утрото и полесно ги расони своите следбеници од посилниот пол.

Доколку се уште не го погледнавте новиот спот на Теа Трајковска, видеото е во продолжение:

Коментари

Популарно