Не чека жешко лето и често невреме

Оваа 2019 година ќе биде година на метеоролошкиот феномен Ел Нињо кој условува повисоки температури на воздухот но и почести временски непогоди, анализира Славчо Поповски.

Во најголем дел од Европскиот Континент вклучувајќи го и Балканот ова лето топлите бранови од северните предели на Африка се очекува да бидат позачестени и со поголем интензитет што значи очекуваме натпросечно топло време, секако ова ќе услови и загревање на атмосферата па така ќе се создаваат услови и за почести временски непогоди како што се: Поројни дождови, силни грмежи, силен ветер и град како и локални поројни поплави.

Во текот на ова лето очекуваме барем два до три изразени топлотни бранови во кој температурите би се искачуваат дури и над 40 степени што за кај нас е и сосема нормална појава.

Коментари

Популарно