(ВИДЕО) Андов: Сопругата на Фрчкоски ја читала книгата и таа тужела

Адвокатката на Фрчкоски, која е негова сопруга ја читала книгата и таа цени работи кои не ги преживела. Ако Фрчкоски ја прочитал книгата, ќе се уверел дека нема основа за тужба, изјави Стојан Андов.

- Човекот не успеа да го спречи атентатот, а потоа го снема, јас пишувам како беше, а не како гледам, изјави во „Само вистина“ на Канал 5, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, за екс министерот за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски кој го тужи, и поради што е забранета книгата на Андов.  

Андов вели дека бил сведок на сите тие настани, и е должен на овој народ тоа да му го пренесе. 

- Фрчкоски 4 години беше министер за внатрешни работи и покажа дека не е дораснат за таа работа. Правеше скандали, коњи купуваше, реј-бан очила а полицијата немаше никаква опрема, униформа, а тој се изживуваше со пури, изјави Андов.

Тој објасни дека чекал период со слободно време, без ангажман за да ја напише книгата. 

- Што се однесува до атентатот - сред бел ден ...колата таму (Ами 8) со денови стоела и никој не проверил зошто стои и што има во неа, а експлозивот бил внатре. Таму беше трасата на Претседателот, таа траса не беше обезбедена од полицијата. Министерот е најодговорен за тоа што не открил дека тука се прави подготовка за атентат врз претседателот на државата. Нападот врз претседателот е тешко повредување на уставниот поредок на земјата и затоа се одговара. Но, по атентатот на Фрчкоски му се гоби трагат и го снема. Јас бев претседател на Собранието и по должност морав да ја преземам функцијата на Глигоров. Се обидов по надлежност на тогашниот јавен обвинител на негово барање, да разговараме на седница на Советот за безбедност за отстранување на доказите и трагите на местото на нападот. Дојде Црвенковски, Владо Поповски, јавниот обвинител...Сите збореа за состојбата, но Фрчкоски не. На втората седница на Советот не дојде и 20-тина дена го снема, никој не го виде, изјави Андов.

Тврди дека имало сили кои сакале да го тргнат поранешниот претседател, Киро Глигоров во тоа време. 

„Во таа концепција на Милошевиќ, немаше место за Глигоров“, вели Андов. 

Раскажува дека 150 години имало соработка меѓу српската и грчката држава, и никој не размислувал дека ќе има македонска држава меѓу нив. 

Коментари

Популарно