Брена открива каква мајка е Александра

Лепа Брена при давањето на поседното интервју  уште на самиот почеток го предупредила новинарот дека ќе го прекине интервјуто ако тој ја ословува како „баба“.

„Јас сум само сопруга на дедото. Немој да ме викате баба и слично за да не го завршиме интервјуто“, изјавила со насмевка на лицето пред ТВ камерите, Лепа Брена.

Веднаш потоа мегапопуларната пејачка дала коментар на раѓањето на малиот Александар, синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.

-Тоа е една неопишана среќа, љубов, радост, но да ги видиш Александра и Филип со тоа мало бебенце, кога ќе ги видиш своите деца со дете… Не знам многу е тешко да се опише  таква врста на љубов, се обидела Лепа Брена да најде вистински зборови.

Според неа младата Александра е фантастична мајка, која веднаш по само една ноќ станала од креветот по породувањето со царски рез.

„Воопшто не е размазена. Многу му е посветена на бебето. Го дои . Ние само трепкаме и гледаме и ни тргнуваат солзи радосници, раскажала видно среќната Лепа Брена.

Коментари

Популарно