Се омажив за неговите пари, ми се гади кога ќе го видам

Некои ги осудуваат, други ги разбираат, а трети би го направиле истото кога би имале шанса. Спонзорушите или камењарките се реалност, а нивните животи, сопствен избор.

Одговорот на прашањето “Како не им е срам?”, иако најчесто е реторичко, ќе ви го дадат во прво лице жени кои стапиле во брак чисто од корист. Тие биле свесни дека не ги сакаат своите мажи и дека $$$ светат и во темница.

Светските медиуми пренесоа изјави од неколку спонзоруши кои зборуваат за ваквиот начин на живот и тоа без срам и без никаква грижа на совет.

-Не верувам во вистинска љубов. Се омажив за пари.

-Се омажив само поради пари. Без каење.

-Од мала сонував да се омажам поради пари. Запознав богат маж и мојот сон се исполни. Ги сакам неговите пари, но ми недостасува вистинска љубов.

-Не ми е срам да признаам дека се омажив за пари и сигурност, а не за љубов. Љубовта нема да ги осигура моите деца ако умираат од глад.

-Уште потајно го сакам поранешниот и тоа ме боли. Тој е единствениот маж кој искрено сум го сакала, но немаше пари. Срам ми е тоа да му го признаам на сопругот бидејќи се омажив со него само за пари.

-Првиот пат се омажив за љубов, сега се мажам за пари. Тешко е да се глуми дека тие не се важни.

-Глумам дека сум среќна со маж ми за моите синови да бидат финансиски згрижени.

-Се омажив поради неговото богатство. Сексот е одвратен, а и не го сакам својот маж. Она што ми треба се неговите пари.

-Не можам да му признаам дека се омажив со него само поради пари, бидејќи веројатно би ме оставил без ништо. Ми се гади кога ќе го видам, но повеќе не можам без луксузот на кој сум навикната.

– Парите се неговиот единствен квалитет и затоа се омажив за својот маж. Кога ми е најтешко, ќе се исплачам во тоалетот, па погледнувам во накитот и продолжувам понатаму.

Коментари

Популарно