ВИДЕО од страшниот инцидент во Чаир

Во рамките на 22-то коло од Втората македонската кошаркарска лига, вчера во спортската сала во Чаир се сретнале екипите на „Чаир 2030” и „Тетекс”.

Натпреварот завршил со победа на домаќинот од 81:74, но гостинската екипа од Тетово на социјалните мрежи се пожали дека нивните играчи биле линчувани, плукани и гаѓани со лименки на теренот.

-Чаир 2030 – КК ТЕТЕКС 81-74

….КАТАСТРОФА ВО ЧАИР….

Нашата екипа беше донесена со полиција во Чаир, присуство од 50 полицајци+специјалци така бевмо и извадени од сала во полициски возила за да не бидеме линчувани во Чаир, навивачите не пцуеја на секаква основа пљукани, гаѓани со лименке плус играчите во терен удираја со све живо и диво по нас, КАТАСТРОФА … БРУКА е ЧАИР воопшто да играат кошарка, и дали Чаир е во Македонија е прашање големо, мие се осетивмо како да не сме во Македонија.. ЖАЛНО… црн ден за кошарката во МАКЕДОНИЈА, напишаа од Кошаркарскиот клуб „Тетекс” на нивната Фејсбук фан страна.

Чаирчани пак, демантираат дека тетовци биле навредувани по секаква основа, плукани и гаѓани со лименки и потенцираат дека полицијата и специјалците биле присутни само поради фактот што средбата била прогласена од висок ризик.

Видеото кое го објавија од КК Тетекс може да го погледнете ТУКА

Коментари

Популарно