Сите мислеа дека актерот Мима Краџиќ е вечен ерген, а тој веќе се женел

Ако мислевте дека Милутин Мима Краџиќ е ерген, сте се излажале.

Актерот кој наполни 56 години, кажал „да“ пред повеќе децении. А, зад неговиот прв брак се крие романтична, но тажна приказна.

Популарниот Мима во 1992 година во Херцег Нови ја сретнал Сунчица која тогаш била на летување. Се заљубил во неа, а после неколку месеци врска решиле да стапат во брак.

Бракот го склопиле на 21. ноември на куќната слава на Мима, Свети Архангел, во Белград.

Младоженецот носел тегет одело, а невестата розева венчаница. Кум им бил најдобриот другар на Караџиќ, актерот Жарко Лаушевиќ.

За жал, бракот на треаел долго, па Мима и Сунчица се развеле, а Мима повеќе не се оженил.

На прашањето дали бега од брак актерот вели дека тој вид заедница го почитува, ноедноставно коцките не се наместиле така во неговиот живот за да дојде до свадба.

Мима кој од 1975 година до сега нанижа блескава серија сјајни улоги, се стекна и со епитетот заводник и миленик на жените. 

Коментари

Популарно