Европа е се поблиску до катастрофа, ова нè чека во 2100-та година

Истражувањето претставено на состанокот на Европската геонаучна унија во Виена предвидело дека до крајот на векот глобалното затоплување ќе стопи голем дел од мразот кој го обликува изгледот и екосистемот на денешните Алпи, а тоа го предвидуваат швајцарските научници.

Дури и ако светот успее да ја постигне зададената цел за глобално затоплување на помалку од два степени Целзиусови во однос на прединдустриското ниво, две третини од ледниците во европските планински ланци ќе исчезнат до 2100-та година, тврдат научниците од ETH во Цирих. 

"Алпите во главно ќе бидат без мраз до 2100-та година и само изолирани "парчиња" мраз ќе останат на врвовите", рекол коавторот на истражувањето, Матијас Хус.

Научниците сметаат дека веќе од 2050-та година нема да има половина од мразот на алпските врвови, а во другата половина векот растот на температурите ќе биде многу поизразен.

Проблемот е што намалувањето на ледниците на Алпите ги пореметиле екосистемите и ќе влијае на економијата на тоа подрачје, бидејќи тие привлекуваат туристи.

Меѓутоа, од нив со вода се снабдуваат растителниот и животински свет, а но и земјоделството и хидроелектраните.

Коментари

Популарно