Побегнале со „Голф 5“ и го запалиле

Два часа по грабежот на експозитурата на „НЛБ банка“ во скопската населба Бутел, во близина на реката Серава, кај градските гробишта „Бутел“, полицијата пронајде една рамка од пиштол и запален  автомобил марка „голф 5“, за кои се верува дека им припаѓале на разбојниците.

Според полицискиот извештај, денеска, во 10.36 ч. пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на ул. Ферид Бајрам кои одзеле пари. Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема. Веднаш по добивањето на пријавата презмени се мерки и активности од полициски службеници, се наведува во првичната инфотмација од МВР.

АлсатМ

Коментари

Популарно